Силна снежна бура ги погоди југозападниот и источниот дел на Кина на крајот на викендот за Пролетниот фестивал, соопштува Ројтерс. Обилните снежни врнежи предизвикаа сообраќајни проблеми, а поради искинати далноводни жици, стотици илјади домаќинства се без електрична енергија.

Поради рекордното количество снег што наврна во Југозападниот автономен кинески регион Тибет, неколку населби се целосно отсечени од светот. Во округот Ниалам, кој се наоѓа на границата помеѓу Кина и Непал и е на надморска височина од 3800 метри, беше објавена вонредна состојба. Прекинати се водоснабдувањето, електричната енергија и комуникациите на речиси 200 домаќинства.

Властите испратија хеликоптери за да им помогнат на засегнатите населени места, кои доставија храна, лекови и стоки. Се соопштува за неколку разрушени згради кои не го преживеале товарот од снег.

Во провинцијата Џиангсу, транспортот е целосно блокиран поради снежната покривка од речиси 30 см. Снежните врнежи не запираа со денови, а се очекуваат нови, па дури и посилни, предупредуваат метеоролозите. Засегнат е и железничкиот сообраќај поради замрзнати шини.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO