Илјадници излегоа по централните улици на Мадрид на протест, организиран од опозициските десничарски и крајно десничарски партии, кои се противат на планот на шпанската влада, чија цел е да ги намали тензиите во Каталонија со одржување на преговори со сепаратистите, соопштува Би Би Си.

Народната партија и ʺГраѓанитеʺ повикаа на протест откако премиерот Педро Санчез објави дека свикува средба со сепаратистите. Двете партии ги определија планираните разговори како „предавство и капитулација“ пред притисокот на сепаратистите, и повикаа на предвремени избори.

Исто како и десните, и владејачката Социјалистичка партија се спротивставува на независноста на Каталонија. Крајнодесничарските групи, вклучително и партијата „Вокс“, исто така, имаат свои приврзаници на протестот. Нивните активисти кренаа знаме со натписот „За обединета Шпанија. Избери сега! “

Каталонските сепаратисти се вратија на власт во Барселона во мај, откако поминаа седум месеци под директно управување на Мадрид. Тензиите сепак се видливи, откако многу каталонци негодуваат против демонстрациите на сила од страна на централната власт минатата година, кога сепаратистичките лидери беа обвинети во противдржавна активност.

Санчез раководи со малцинската влада, која зависи од поддршката на националистите – вклучително и каталонците – за да остане на власт. Но, премиерот цврсто го отфрла новиот референдум за независност на Каталонија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO