Германската канцеларка Ангела Меркел го отвори новиот комплекс на Федералната информативна служба (БНД).

Комплексот во Берлин е граден 12 години, а цената е над 1 милијарда евра. Големината на комплексот на разузнавачката служба е колку шест фудбалски игралишта.

На вработените им е забрането внесување на лични мобилни телефони или лаптопи. Тие не треба да ги користат и проверуваат личните имејл-адреси, како и социјални мрежи.

На крајот од работниот ден, сите картички за влез во зградата се заклучуваат во сеф. Зградата се наоѓа во близина на Берлинскиот ѕид и е една од најсекретните згради во Германија.

„Во овој свет, кој сé повеќе е тревожен и збунет, сега повеќе од кога и да било, на Германија й треба силна и ефективна разузнавачка служба“, рече Меркел на отворањето на најголемата зграда во светот за оваа намена.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO