Игуменот на манастирот „Св. Пантелејмонʺн на Света Гора, архимандритот Евлогиј, им објасни на претставниците на новата украинска црква дека тука не ги препознаваат.

На 9 февруари 2019 година, делегацијата на Православната Црква на Украина, која со благослов на Цариградскиот патријарх Вартоломеј е во посета на Атонската света Гора, не можеше да влезе на територијата на Светата Пантелејмонова обител.

Како што дознава Сојузот на православните новинари од свои извори, игуменот на манастирот „Св. Пантелејмон“, архимандрит Евлогиј ги затворил манастирските порти пред претставниците на новата украинска Црква, без да им даде благослов да влезат во храмот и да се поклонат на моштите. Игуменот им објаснил на членовите на делегацијата на Православната Црква на Украина дека во овој манастир тие не се признати за свештеници и не планираат да ги признаат и во иднина.

Сојузот на православните новинари потсетува дека на 8 февруари 2019 година „епископот“ на Православната Црква на Украина, Павел Јуристиј и членови на делегацијата кои го придружувале од новата црковна структура, ги посетија атонските манастири Пантократор и Новиот Есфигмен.

Меѓу атинските монаси, келиоти и пустиници, многумина велат дека престануваат да го споменуваат патријархот Вартоломеј. Претходно неколку Атонски манастирот најавија дека ќе ги затворат портите, ако поглаварот на Православната Црква на Украина, Епифаниј Думенко, дојде на Света Гора.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO