Тимот на Баерн Минхен го надигра Шалке 04 на домашен терен со 3: 1 Шалке 04 во последниот натпревар од саботната програма од 20-тиот круг на Бундеслигата. Актуелниот шампион го отвори резултатот во 11-та минута по автоголот на Џефри Брума, но четвртина час подоцна Ахмед Кутуджу го изедначи резултатот на ,, Алијанц Арена „.

Радоста на гостите од Гелзенкирхен траеше кратко, откако две минути по изедначувачкиот погодок тие повторно поведоа со голот на Роберт Левандовски. Тоа беше јубилејиот 100-ти гол на полскиот напаѓач во баварскиот тим. Во вториот дел избраниците на Нико Ковач го зацврстија својот успех по погодокот на Серж Гнабри кој се наоѓа во одлична форма, а Левандовски овој пат беше во улога на асистент.

Така Баерн ја скрати разликата до лидерот на табелата Борусија Дортмунд на пет поени, откако ,,жолто-црните“ не успеаја да го победат Хофенхајм, иако водеа со 3: 0 на 12 минути пред крајот на дуелот на ,,Сигнал Идуна Парк“. За Баерн претстои гостување на Аугсбург следниот петок, а на 19 февруари тимот патува на ,,Енфилд“ за дуел со Ливерпул во првата средба од осминафиналната фаза на Лигата на шампионите.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO