Поранешниот напаѓач на Бразил Роналдо призна дека останува фен на Интер Милано, кој беше негов дом во период од пет години.
„Интер ќе остане засекогаш во моето срце. Тоа беа едни прекрасни пет години живот во град, кој го засакав, со навивачи кои ме сакаа мене. Ги сакам Милано и Интер, верувам дека тоа ќе остане засекогаш. Претседателот Масимо Морати ме инспирира, тој ме научи на многу работи. Сега би се однесувал на друг начин, не би го поставил Морати во тешка позиција. Особено во ситуацијата кога побарав тренерот Купер да биде отпуштен. Се заканив дека ќе си заминам, но Морати реши да го задржи. Не би го направил тоа повторно, а би се обидел да ја изложам мојата гледна точка на друг начин. Бев многу среќен во Милано, многу научив во тој клуб „, изјави Роналдо, цитиран од Sky Sport Italia.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO