Манчестер Јунајтедго совлада Фулам со 3: 0 на стадионот „Крејван Котидж“ во Лондон и продолжува со безгрешната серија под водство на Оле Гунар Солскјар. „Црвените ѓаволи“ ги победија лондончаните во дуел од 26-иот круг на англиското првенство.

Пол Погба го отвори резултатот во 14-тата минута, а Антонио Марсиал ја удвои предноста во 23-та. Повторно Погба го оформи класичниот резултат со гол од пенал во 65-тата минута. Јунајтед не сретна апсолутно никакви проблеми и ги постигна и трите гола по грешки на противникот.

За Манчестер ова е десетта победа во последните нивни 11 натпревари од сите турнири и тимот останува без пораз по разрешувањето на Жозе Мурињо во декември. Денешниот успех им овозможи на избраниците на Солскјар да се сместат на четвртото место барем за 24 часа. Јунајтед има 51 поени, еден повеќе од Челзи, кој утрему гостува на Манчестер Сити.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO