Претседателот Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Прес-службата на претседателот соопшти, дека двајцата соговорници изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција.

Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за претстојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција. Македонскиот претседател изрази сочувство до турскиот претседател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.

На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа, пише во соопштението.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO