Агенцијата за електронски медиуми (АЕМ) во Црна Гора започнува со кодирање на српските телевизиски производи што им штетат на младите во републиката.

Кодирањето се однесува првенствено на српските реалити шоуа кои се емитуваат на телевизиските канали Пинк и Хепи помеѓу 6:00 и 23:00 часот.

Предлогот го направи „Медиа Центар“ во Подгорица:

„Со години српската телевизија, преку кабелски оператори, емитува реалити шоуа кои пропагираат омраза, насилство и цинизам“, рече директорот на Медиа Центар, Горан Ѓуровиќ.

Според АЕМ, „овие програми се штетни за духовниот, физичкиот и моралниот развој на малолетниците во Црна Гора и затоа треба да се кодирани“. Пристапот ќе биде преку ПИН-код.

На 24 јануари, Медиа Центарот побара АЕМ да стави крај на „оглупавување на општеството, израз на омраза и насилство што се шири низ реалити шоута на српските телевизии“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO