На денешото рочиште за случајот „Титаник 2“, обвинителката Фатиме Фетаи ги презентираше завршните зборови, при што бараше осудителна пресуда за обвинетите.

Обвинителката Фетаи истакна дека поништувањето на изборите резултати на три избирачки места во Струмица, од страна на ДИК, било направено по егзакна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се повторат изборите во овие места.

Таа исто така  заклучи дека со гласањето од страна на членовите на ДИК за поништување на изборите, бил извршен кривично-правен атак на Избирачкиот систем.

Во завршниот збор истакна и дека ДИК била првата брана, која од ВМРО-ДПМНЕ ја срушиле со два телефонски повици, а втората брана, Управниот суд, не морале да ја рушат, бидејќи судиите самите знаеле како да постапуваат. Тука се повика и на тефтерчето на екс министерката Гордана Јанкулоска, за избор на судии, создадено со помош на Мијалков.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO