Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека и натаму постои дилема дали да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските: „Дилемата за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е помеѓу две опции. Првата е дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот или да превагне интересот на државата наспроти партиите. Тоа значи ние да не дадеме никаков изговор на земјите членки кои дел од нив генерално се против проширувањето, а Македонија чека позитивна одлука на самитот на ЕУ во јуни“, рече Заев.

На прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата тоj одговори дека за таа функција сè уште е млад и оти неговиот придонес ќе продолжи да го дава како прв човек на извршната власт.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO