Очекувањата за економскиот раст во ЕУ по Брегзит се послаби од предвидувањата објавени за оваа есен, пред сѐ поради состојбата во Италија, соопшти Европската комисија. Бруто домашниот производ во ЕУ по Брегзит се очекува да биде 1,3 отсто наместо предвидените 1,9 отсто во 27-те земји членки на ЕУ, додека доколку се вклучи Велика Британија, растот ќе се намали од два отсто на 1,5 отсто.

Главна причина за оваа ревизија на Европската комисија е Италија, каде планираниот економски раст од 0,2 отсто е далеку послаб од предвидените 1,2 отсто оваа есен, информираше ЕК. Италијанската Влада, меѓутоа, не ги менува своите предвидувања за оваа година и тврди дека ќе постигне раст од еден отсто од БДП. Растот се очекува да се намали секаде во ЕУ освен во Грција и Малта, каде економската состојба би требало да се подобри годинава.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO