Американската академија за филмски уметности и науки го објави списокот со 13-те актери и личности кои ќе ги прогласат победниците на 91-ата церемониja „Оскар“, кои ќе се одржi на 24 февруари во „Долби тиатар“ во Лос Анџелес. Оваа година церемонијата нема да има домаќин.

Меѓу личностите и актерите ќе бидат Тина Феј, Упи Голдберг, Бри Ларсон, Даниел Крег, Џенифер Лопез, Крис Еванс, Шарлиз Терон, Теса Томпсон и Маја Рудолф.

Церемонијата останува без домаќин за прв пат од 1989 година, откако комичарот Кевин Харт ја одби поканата по реакциите на неговите хомофобични објави на Твитер пред неколку години. Последните две години церемонијата беше предводена од комичарот Џими Кимел.

Фаворити оваа година се филмовите „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон и „Фаворитката“, во режија на Јоргос Лантимос, кој доби најмногу номинации – десет.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO