Хитовиот модел Compact S на фирмата Daisy Tech тежи само 300 грама.

Бугарска фирма го создаде најмалиот касов апарат во светот! Уредот Daisy Compact S веќе е вистински хит меѓу бизнисмени, производители, дистрибутери и дилери од секаков калибар.

Уникатниот касов апарат, кој се вклопува во нашиот џеб, е дело на инженерскиот тим на лидерот на пазарот за касови плеери Daisy Tech. Димензиите на уредот се едвај 84 x 167 x 60 mm и тоj тежи само 300 грама !!! Но, како коментираат по форумите задоволните корисници: „Мал апарат – голема работа!“.

Сите тие се исклучително импресионирани од функционалноста, практичноста и иновациите кои ги нуди Daisy Compact S. Тој е усогласен со последните задолжителни барања на Наредба Н-18 на Министерството за финансии, кои треба да бидат спроведени до 31 март од сите регистрирани за ДДВ и до крајот на јуни – од останатите бизнисмени и трговци.

Најмалиот касов апарат во светот е најпосакуван поради многуте предности, меѓу кои голем операторски дисплеј, осветлување на тастатурата, линеарен термален печатач и вградена батерија која го прави независен од струја и контакти. Daisy Compact S има и можност за поврзување преку Bluetooth и WiFi и е најсоодветен избор за разносна трговија, курирски услуги, канцеларии, продавници, барови и дискотеки. На него можат да се полнат податоци за предмети и клиенти што го прави вистинска „Џеб канцеларија“, тврдат импресионираните и задоволни корисници.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO