

Пробив во односите меѓу Бугарија и Македонија ќе се случи кога ова прашање ќе стане предмет на слободна дискусија.
На мојот роденден, кој случајно се совпаѓа со оној на Гоце Делчев (4 февруари) често стануваат чуда. Во 1997 година БСП се откажа од обидот да состави нова влада во рамките на тогашниот парламент и тоа ја отвори вратата на Бугарија кон ЕУ и НАТО. Денес се отвора и за (Северна) Македонија.
Оваа година на мојот роденден премиерот на Македонија, Зоран Заев дојде во Софија и двајцата со бугарскиот премиер го посетија концерт посветен на Гоце Делчев во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Се најдоа и недобронамерници. Македонскиот сајт iNFOMAX излезе со тенденциозен наслов:
„ ДЕЛЧЕВ ГО НАПРАВИЈА БУГАРИН: Заев го празнува неговиотроденден во Бугарија“.
За авторите на нападот очигледно самата претпоставка дека Гоце Делчев може да бил Бугарин е предавство.
Тоа според клишето е:
„Добро позната стара бугарска теза“, на која не треба да се обрнува внимание. Ова прашање за нив не е историско, туку политичко. Прашање на идентитетот.
За да си Македонец, треба непомирливо да ги осудуваш теориите дека Гоце бил Бугарин, не да влегуваш во дискусија, а камоли да учествуваш во заедничка прослава.
Критичарите на Заев ги имаат своите политички причини. Ако Македонците поединечно ја подложат под сомнение тезата дека нивните предци никогаш не биле дел од бугарскиот народ, туку напротив, тие опстојувале на обидите на Бугари и на други да ги асимилираат, што ќе ги поддржува Македонците како заедница?
Поранешниот македонски претседател и лидер на партијата на Заев, Бранко Црвенковски повторуваше дека: „Држава еднаш се втемелува и секогаш се гради, еднаш се објавува и секогаш се брани“.
И бидејќи повеќето Македонци го сметаат како основа на својата држава прогласувањето на Народна Република Македонија во рамките на Народна Федеративна Република Југославија во 1944 година, до која според митологијата се дошло по победата на партизаните над бугарскиот фашистички окупатор, тогаш на секое подложување под сомневање дека тогаш се остварил вековниот сон на самобитниот македонски народ, се гледа како на „велепредавство“.
Но бидејќи историската наука категорично докажува дека Гоце и мнозинството од Македонците од тоа време биле Бугари (во смисла на поим од крајот на 19 и почетокот на 20 век), научните аргументи можат да бидат контрирани само со силни емоции.
Тоа ги поставува двете страни во тешка ситуација.
За да се преодолее острото несоодветствие меѓу популарните верувања на повеќето Македонци и вистинските историски факти, Македонија треба да прибегне кон силна омраза кон сè што е бугарско. Но и Бугарија нема што да спечели, ако се обиде да го „истрие носот“ на Македонците со историски факти и вистини. Таа нема што да спечели од раздвојување на Македонците на „тврди патриоти“ и „предавници“, од неизбежното засилување на антибугарски настроенија и омраза особено кон Македонците кои го задржале своето бугарско самосознание.
Јасно е дека „Македонија“, онаква каква што била формулирана во 1944 година, за да се легитимира враќањето на нејзината територија на Југославија, нема шанси да преживее.
Таа не може да биде одбранувана, ниту надградена. Но штом една Австрија успеа во рамките на еден век да го промени четири пати својот идентитет, тогаш Македонија исто така може да изгради нов модерен македонски идентитет кој не ги негира бугарските корени од времето на Гоце, а и после него. Бугарија, исто така треба да разбере дека ќе постигне разбирање со Македонија не ако го одрекува, туку ако гопотпомага утврдувањето на модерниот македонски идентитет, доколку тој не се базира на лаги и измами.
Просечниот Македонец ќе ја напушти емоционалната граница зад кој се вкопал и ќе си дозволи да претпостави дека Гоце бил Бугарин во контекст на тоа време, само ако знае дека Бугарија го поддржува неговото право да биде достоен Македонец во 21 век.
Си мислам, дека сепак тоа се случува пред нашите очи.
Денес, Македонија го потпиша протоколот за пристапување во НАТО. После близу век и половина повторно сме заедно. Да се надеваме, дека овој пат ќе е засекогаш!
––––––––––––
Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
