Алијансата меѓу Рено, Нисан и Мицубиши планира договор за соработка со компанијата Гугл, Уајмо, за развој на беспилотни такси.

Трите производители на автомобили ги завршуваат преговорите со Уајмо, развивач на беспилотни возила на Гугл, соопшти Алијансата.

Двете страни се очекува да дадат детали за договорот „најрано оваа пролет“.

Еден од проектите на кој може да се работи е за создавањето на такси користејќи автомобили на Нисан и други, бидејќи тие ќе работат преку нов систем кој ќе се грижи за резервациите и плаќањата.

Уајмо е роден во лабораториите на Гугл, а во 2016 година официјално стана дел од основната компанија Алфабет.

Уајмо веќе нуди беспилотни автомобили во Феникс Аризона.

Тие можат да бидат повикани по телефон во секое време од денот и да ве одведат насекаде во радиус од речиси 260 квадратни километри.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO