Делегација од Европската банка за обнова и развој ќе престојува во четиридневна посета на Македонија и ќе има средби со владини претставници, бизнис лидери и граѓански организации. Посетата се реализира како подготвителна активност за стратегијата на ЕБОР за Македонија за периодот од 2019-2023 година.

Целта е да се договорат приоритетите на македонската Влада и да се идентификуваат клучните области каде ЕБОР може да се ангажира за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог. Делегацијата ќе ја предводи директорот на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и Ерменија, Франс Викерс. ЕБОР има инвестирано над 1.8 милијарди евра во 113 проекти во Македонија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO