Европската Комисија соопшти дека тринаесет земји во ЕУ се засегнати од извозот на расипано говедско месо од Полска, соопшти МИА. Освен Полска, земјите во кои може да се најде ова месо се Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Унгарија, Литванија, Летонија, Португалија, Романија, Шведска и Словачка, информираа службите на ЕК за безбедност на храната.

Еврокомесарот за безбедност на храната, Витени Андриукаитис ги повика полските власти да спроведат темелна истрага и да ги преземат сите потребни мерки за почитување на правото на ЕУ, вклучително и „ефикасни и брзи казни“ против ова „криминално однесување“ кое претставува ризик за јавното здравство и сведочи за „неприфатлив третман на животните“, додаде комесарот.

Полските власти ја информираа ЕК дека касапницата е затворена и дека се уништуваат производите кои доаѓаат оттаму.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO