Григор Димитров го задржи своето 24-то место во ранглистата на Машката тениска асоцијација. Откако минатата недела не се одржаа турнири во Топ 30 не настапија никакви поместувања.

Новак Ѓоковиќ води на листата, а првата десетка jа дополнуваат Рафаел Надал, Александар Зверев, Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон, Роџер Федерер, Кеј Нишикори, Доминик Тим, Џон Иснер и Марин Чилиќ.

11-и е Карен Хачанов кој е водач во шемата на турнирот Софија Опен. Веднаш по него на 12-та позиција е Стефанос Циципас кој ќе биде главен конкурент на Русинот за титулата во главниот град на Бугариjа.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO