Во Сибир температурите достигнаа до минус 50 степени Целзиусови, поради што во некои области е воведена вонредна состојба.

Учениците во голем број училишта се на принуден распуст.

Поради временските услови, има проблеми и во воздушниот и во патниот сообраќај. Според соопштението од неколку аеродроми, летовите доцнат и до седум часа, а во северен Сибир, воздушниот сообраќај е целосно затворен. Во Новосибирск, каде температурата изнесува од минус 32 до минус 35 степени, дневно се откажуваат десетици автобуски линии.

И во источниот дел на Сибир се очекуваат екстремно ниски температури. Хидрометеоролошкиот завод во Транс-Бајкалската област, каде што се предвидува температура до минус 52 степена, издаде предупредување за бура.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO