

Добро е на средба како оваа меѓу премиерите на Бугарија и Р Македонија – Бојко Борисов и Зоран Заев да се прават отчети за реално постигнат напредок во областа на економијата, политиката, културата.
И без илузии за лесни победи.
Воденичниот камен, кој тежи на вратовите на генерации државници од двете страни на границата, е пругата Софија-Скопје, како и целата инфраструктура во насока исток-запад. Ако фрлиме еден поглед наназад, ќе видиме дека овој проблем е поставен во Њујорк на 22 октомври 1995 година за време на јубилејна сесија на ОН. Тогаш благодарение на активноста на бугарскиот претседател Жељо Желев е потпишана официјална декларација меѓу државните претставници на Бугарија, Р Македонија, Албанија, Турција и Италија за изградба на Коридорот № 8. 24 години потоа ветувачки почеток, железничката врска Софија-Скопје-Тирана сеуште нема.
Тоа е слика од XIX век
Ете, тоа не треба да им дава мир и на Бојко Борисов, и на Зоран Заев! И кога утре, 4 февруари 2019 година, тие се состанат, токму на денот на 147 годишнината на легендарниот Гоце Делчев, нека ја видат реалноста онаква каква што е. Гоце Делчев ги исполни брилијантно задачите кои неговото време му ги постави. Ако денешните премиери на двете братски држави сакаат да бидат на височината на нашиот голем претходник, тие треба да ги исполнат со истата непоколебливост и решителност, задачите кои ни ги поставува денес, нашето време.
Место за патетични слова и клетви нема.
Добар почеток, даде Бугарско-македонскиот бизнис-форум, што се одржа на 17-ти јануари, во Скопје. Учеството на двајцата вицепремиери Кочо Анѓушев и Томислав Дончев влеа увереност дека отчетите за изградба на делниците од пругата покажуваат вистински напредок. Тоа сосема не е доволно! Институциите кои ги финансираат различните фази на овој проект се пословично капризни и одвратни, што е предупредување и повик за поголем професионализам.
Нека премиерите Борисов и Заев си ги стиснат рацете во знак дека нема да се откажат. И не заборавајте: доцнењето, одложувањето и заборавањето на овој жизненоважен за нас проект е вложена и висока доза на геополитичка маја. Оттука и потребата за уште поголема ревност и решителност.
Програмата за културна соработка, потпишана од министрите Боил Банов и Асаф Адеми, е предмет на истата логика
И еден казус, наменет за луѓе без пропагандно-идеолошки и идентитетски предрасуди во соседната држава, наменет за целото македонско општество: „Можна ли е дискусија за вистината околу судбината на Методија Андонов-Ченто и Панко Брашнаров, за“ Крвавиот Божик 1945 „, за правниот разврат за садистичката саморазправа со сите кои не беа согласни да биде подменето народносното самосознание на преродбениците и револуционерите, како и на самите нив? „Зашто далеку пред да има бугарска Егзархија и бугарска држава, Григор Прличев изјавува на претседателот на Комисијата, која му го доделува Ловоровиот венец за поезија во Атина / 1860 /, Рангавис дека е Бугарин.
Јордан Хаџиконстантинов-Џинот во број 7, 1850 година на Цариградски весник ќе напише: “ Нека въздигнем раце да се возблагодариме, защото сме се удостоили да видиме училища, учреждени по наший народний болгарски език…ʺ А Рајко Жинзифов во неговата поема “ Гусляр во собор“ќе воскликне:
„ Я болгарка сум, болгарин
сум я,
болгаре живеят во тая
страна…”
Слични тврдења откриваме во писмовното и документарно наследство на Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Иван Михајлов, како и сите нивни сомисленици и следбеници. Нека сегашните граѓани на младата држава се нарекуваат себеси Македонци, тоа е нивно право, но дискусијата за минатото на нашите предци е задолжителна. Таа дискусија ги чека нив. Не поради Бугарија или поради ЕУ или НАТО, туку поради вистината и здравата општествена клима во нивната млада држава.
Ете и такви идеи пораѓа средбата меѓу премиерите Заев и Борисов.
Идеи кои се во согласност со новата клима денес. Новата клима, која покрај се, мачно и тешко се раѓа на Балканот, а особено помеѓу Бугарија и Република Македонија.
–––––––––––––-
Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на магазинот „България-Македония“ и директор на издавачката куќа „Св. Климент Охридски“. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специjално за БГНЕС
