Екипите на Јувентус и Парма изиграа нерешено 3: 3 во натпревар од 22-тото коло на Серија А, одигран на „Алијанц Стејдиам“ во Торино.

Шампионите имаа 19 победи и само две реми од почетокот на сезоната и самоуверено се беа упатиле кон нов успех, но беа попарени од доцен гол на Жервињо. Кристијано Роналдо им даде предност на „бјанконерите“ во 36-та минута, а централниот дефанзивец на тимот Даниеле Руга удвои во 62-та. Две минути подоцна гостите вратија еден гол преку Антонио Барилја, но веднаш потоа Роналдо ја врати предноста од два погодоци на Јуве. На крајот на дуелот настапија минутите на Жервињо поранешниот играч на Арсенал прво го намали заостатокот на Парма во 74-та минута, а на самиот крај ги оформи конечните 3: 3. На овој начин предноста на Јувентус на врвот на табелата беше скратена на девет поени, бидејќи пред тоа Наполи ја урна Сампдорија со 3: 0 на домашен терен. Парма е рангирана на 11-тото место со 29 поени.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO