Тимот на Барселона допушти погрешен чекор во битката за титулата во Шпанија откако направи нерешен резултат 2-2 со Валенсија на домашен терен во 22-риот круг од Ла Лига.

На Ноу Камп гостите почнаа одлично и поведоа со два гола уште во 32 минута со головите на Кевин Гамејро и Дани Парехо, кој постигна гол од пенал. На Каталонците уште еднаш им беше потребна магијата на нивниот лидер, Лионел Меси, кој во 39-тата минута реализираше пенал за да го намали нивното заостанување, а во 64. минута го постигна својот втор гол во натпреварот. До крајот на натпреварот домаќините не успеаја да направат комплетен пресврт и загубија вредни два бода. Така, Барселона веќе има 50 поени, со шест повеќе од вториот Атлетико Мадрид, кој денес му гостува на Бетис. Валенсија е на седмо место на табелата со актив од 30 бода.

Доцната вчера Селта ја совлада Севиља со 1: 0 дома.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO