Во последните години сер Елтон Џон нееднократно намекнувал дека сака да се повлече и да се оддаде целосно на грижите за двајцата синови – 7-годишниот Закари и 5-годишниот Илајџа, соопштува в. „Дејли мејл“. Пејачот се збогуваше со фановите во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес на концерт со емотивни исполненија изминатата недела.

71-годишната ѕвезда изјави: „Во сите овие прекрасни години, сите овие милиони спомени, добив толку многу љубов и аплаузи, кои ќе ми стигнат за милион животи“. Се разбира сер Џон им вети на своите обожаватели да не го свртува целосно грбот на музиката – тој ќе продолжи да свири, бидејќи музиката е „најголемата возбуда“, но беше категоричен дека се откажува од турнеите и концертната дејност, за да биде со неговото семејство. Сегашното турнеја на ѕвездата ќе заврши во ноември 2020 година со концерти во Велика Британија, вклучувајќи пет настапи во лондонската „Оу ту арена“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO