Регионот на Западен Балкан во изминатите неколку години забележа напредок и има позитивна економска перспектива, но треба да поминат пет децении за да го достигне германскиот животен стандард и осум децении да ја достигне Германија, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брег.

Главна тема на состанокот, што во Брисел го организираше Советот во соработка со Канцеларијата на фондацијата Фридрих Еберт, беше одржливиот економски раст и развојот на Западен Балкан, соопшти денеска РЦЦ.

На состанокот присуствуваа голем број претставници на европски институции, дипломатски мисии, аналитички центри, невладини и бизнис организации.

Причина за загриженост во целиот регион, како што е наведено, и натаму е сиромаштијата, нееднаквоста, одливот на високо образована работна сила, родовата нееднаквост и вработувањето.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO