„Во романтичните самоидентификации на декларираните Бугари кои пеат, говорат, се борат и гинат за Македонија – зошто баш за Македонија, а на за „својата“ Бугарија? – можете да наидете и на референци каква што е името Александар Македонски, но нема да наидете на името Аспарух, на пример, творецот на првата држава на Прабугарите. Не е ли тоа малку чудно?“ прашува новинарот Бранко Героски!

Повод за неговата статија се појавените соопштенија дека двете страни на „комисијата за разговори за историските прашања меѓу Македонија и Бугарија се договориле заеднички да го слават Григор Прличев како „бугарски учител“, чие творештво „е во основата на културата на современа Македонија.“

Тоа очигледно го тревожи, затоа што досега „немал добиено официјален одговор“.

Героски зајавува, дека не бил  „оптоварен со потребата од „помакедончување“ на историските личности кои самите себеси се декларирале како Бугари или припадници на други народи, а нашата историографија упорно ги третира како Македонци. Во случајот на Прличев, историските факти биле познати и нема никаква дилема дека тој, после една очебијна идентитетска криза во неговиот живот, кога твори на грчки јазик и е ованчан со слава, ја прегрнува бугарштината“. И точно е дека учителствува на платниот список на Софија, како што е точно и тоа дека и неговиот син подоцна се декларирал како Бугарин.

Ништо од сето тоа не било спорно.

Всушност многу е спорно, но ќе се вратиме на тоа.

За Героски „Секој што малку подлабоко ја разбира историјата на Прличев, знае дека тој е еден многу различен Бугарин од таков каков што сака да го прикаже софиската пропаганда. И секако, многу различен Македонец од таков каков што со децении го прикажуваше македонската пропаганда.“

Нека немаме дилеми. Бугарин од 19 век не е истото како Бугарин од 7 век, ниту како Бугарин од 21 век.

Во идните реченици Геровски потскажува, дека тој реално сака да го претстави Прличев како припадник на некаква друга божемна заедница, различна од бугарската. Само што нема основи да веруваме, дека таква тогаш суштествувала.

„Во 1871 година, кога ја препеал „Илијадата” на јазикот што го познавал и признавал како свој, Прличев бил исмеан од бугарските критичари. Некои велат, тоа било така зашто Прличев говорел приучен и недоучен, во секој случај лош бугарски јазик. Навистина? Како е тоа можно, ако бил саглам Бугарин? И како можела Софија да постави за „бугарски учител“ некој што не го знаел добро бугарскиот јазик?“

Зарем Героски не знае дека во 1871 година Софија е обичен град во Отоманската империја? Нема бугарска држава, ниту крајно кодифициран литературен јазик. Во Цариград и во Букурешт се прават обиди да се кодифицира литературна норма, но се уште има многу спорови како да изгледа таа.

Се разбира Софија не го поставила Прличев како бугарски учител. Бугарските учители биле на плата од самоорганизираните локални бугарски заедници. Првиот град, каде што жителите побарале бугарско училиште, бил не Софија, или Пловдив, току Скопје – уште во 1830 година. Прличев бил платеник на самоорганизираните македонски бугари.

Нема никакви податоци кои да нѐ натераат да мислиме дека Прличев преживувал „криза на идентитетот“.

Во својата автобиографија, тој пишува дека, уште при неговото прво престојување во Атина во почетокот на 50-ите  години, имал сознание за својата националност: „На 25 март 1860 година, претседателот на комисијата, г-дин Рангавис, кажа:“ Најпосле имаме една поема, многу помала од другите, и натпишана “ Αρματωλός“ “ слава на „Вториот Хомер“ и ми предложи пари, колку што никогаш не бев видел, месечна пензија, предлог од Атинскиот Универзитет за стипендија во Оксфорд или Берлинʺ.

Прличев го отфрла предлогот и зајавува дека е горд што „во грчката престолнина се прослави бугарското име“.

Според Героски Прличев наивно  се обидувал да создаде еден „општословенски“ јазик. Затоа што не му бил доволен бугарскиот јазик?

Општословенски јазик, општ јазик за Бугарите, Србите, Русите, Полјаците … Кога Прличев предлагал таков проект.

За Героски е тешко да прифати дека во 19 век охридскиот говор (меѓу другото многу близок до софискиот) бил исто толку бугарски колку да кажеме трновскиот говор, или пловдивскиот.

Кога била наметната бугарската литературна норма, сите jа прифатиле. Ако му веруваме на Мисирков, за Илинденци веќе немало дилеми за книжевноста.

Ако Героски зајави дека кодифицирањето на бугарскиот литературен јазик на основа на источните дијалекти било стратешка грешка, многу денешни Бугари ќе се согласат со него.

Но, добро е новинарот да ја поднаучи историјата малку подобро . Според него:

„Во романтичните самоидентификации на декларираните Бугари кои пеат, говорат, се борат и гинат за Македонија – зошто баш за Македонија, а на за „својата“ Бугарија? Не е ли тоа малку чудно?“  расудува Героски.

Добро е Героски да се запраша:

Кој загинал за Македонија до 1878 година?

Кој се борел за некакви права за Македонија до трагичните решенија на Берлинскиот конгрес?

Или, попросто, кој мислел за Македонија надвор од контекстот на општобугарското ослободување.

Илјадници Бугари загинуваат за Македонија откако таа е вратена на Отоманската империја во 1878. И многу од нив се родени на територијата на слободна Бугарија. Така името Македонија бива сакрализирано во главите на луѓето од двете страни на произволно нацртаната граница .

И да, многу македонски Бугари умирале за својата „Бугарија“. Водачите на Кресненско-Разловечкото востание Димитар Беровски и осумдесетгодишниот Дедо Иљо Малешевски огранизирале доброволци од Македонија, кои се вклучиле како доброволци во Бугарската армија во Српско-бугарската војна од 1885 година Многу од нив загинале за нивната Бугарија.

Последниот аргумент кој Героски го предлага, за да внуши некаква замислена разлика меѓу основното население на денешните Бугарија и Македонија во 19 век се песните за Александар. Зошто немало песни за Аспарух!

Вистината е дека единствениот бугарски цар за кој се пееле песни на територијата на Бугарија и на Македонија е последниот цар – Иван Шишман.

Песната за него е запишана во зборникот „Български народни песни“ собрани од браќата Миладиновци.

Но и грците одамна не го помнеле Александар. Романтичниот расказ за него, за Ахил и многуте реални и митски грчки херои е внесен од Западна Европа во духот на епохата. Легендите за Александар се шират насекаде низ светот. Едвај ли има европски народ во кој името Александар не е популарно.

Основачот на бугарската држава Аспарух, исто така, бил заборавен и востановен како легенда во 19-тиот век меѓу Бугарите од двете страни на се уште незазамисливата граница. Но, за разлика од Александар, со Аспарух се идентификувале само Бугари. Не ми е познато некој, кој се определувал како Србин, Албанец, Грк или Романец, да го крстил своето дете Аспарух.

Зошто Героски не ни припомни како се викал братот на Кузман Јосифски, кој, според македонската историографија, го истрелал првиот куршум на „антифашистичкото востание“ на 11 октомври 1941 година?

Да го потсетам. Името му било Аспарух.

Историјата е таква, каква што била.

Дел од бугарскиот народ во пораните фази на неговата национална консолидација бил насилно одвоен од надворешни сили и по многу маки го развил својот македонски идентитет.

Не можеме да ги транспонираме денешните идентитети во минатото. Отказот од признавањето на бугарските корени на огромното мнозинство на денешните Македонци е она што го загрозува нивниот модерен идентитет. Обидот тие корени да бидат скриени или „нијансирани“ создава конфликти меѓу Македонија и Бугарија и го разделува самиот денешен македонски народ. Затоа што, ако да си Македонец означува да веруваш во сликата за светот насликана од Героски или од неговиот ментор Блаже Конески, тогаш македонскиот идентитет е навистина е осуден!

–––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO