Кинескиот лидер во електронската трговија Алибаба во средата соопшти дека годишната добивка на компанијата нараснала за 37% во последното четиримесечие.

Добивката за периодот октомври-декември стигнала 4.9 милијарди долари, како за споредба, во истиот период минатата година сумата била 3,5 милијарди долари.

Приходите пораснале за 41% за последното четиримесечие, при што онлајн продажбите сочинуваат 40% од растот.

И додека многу компании можат да завидуваат на овој раст за самата компанија, тоа не е ништо посебно, во нејзината историја има раст на приходите за 50% и дури 60%.

Приходите на Алибаба се во центарот на вниманието, откако по 24 часовниот шопинг маратон, беше одбележан раст од 27%, што е помалку од минатогодишниот раст, кој беше 39%, а тоа може да се должи на бавната економија на Кина.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO