Иранските власти го забранија шетањето кучиња на јавни места во главниот град Техеран, изјави шефот на полицијата во Техеран.

Говорејќи пред информативната агенција на Клубот на младите новинари во Иран, Хосејн Рахими рече дека нарушувањето на забраната ќе биде казнувано.

Тој рече дека шетањето на кучиња на јавни места како што се паркови и дворови предизвикува страв меѓу луѓето.

Меѓуто, Рахими рече дека пренесувањето на кучиња во превозни средства нема да биде забрането.

Обвинител го постави ова прашање на дневен ред откако една жена беше нападната од куче во Лавасан, источен Техеран.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO