Уникатна фотографска изложба за спомена и респектот кон ветераните се открива во Воениот клуб во Софија, организирана од Бугарската национална самоуправа гр. Кечкемет (Унгарија) и во соработка со Министерството за одбрана на Република Бугарија и Сојузот на воените ветерани на Бугарија.

Проектот беше реализиран по повод 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Изложбата е резултат на неуморниот и посветен труд на еден достоен бугарин д-р Јордан Бочков, наследник на бугарски градинар во унгарските земји.
Уметничкиот концепт е на фотографот од сириско потекло Бахгет Искандер, кој долги години живее во Унгарија, но има однос кон бугарската историја и култура. Фактот дека негова самостојна изложба „Грст свет“ беше вклучена во ХХI издание на Салонот на уметностите во Националната палата на културата во 2016 покажува неговиот однос кон бугарското.

Идејата за увековечаване на бугарските војници и офицери се раѓа пред три години во гр. Харкан, за време на прославата на 70-годишнината од Дравската епопеја. Таму годишно се споменуват настаните од битките на бугарските војски крај реката Драва.

Оваа голема фотографска изложба освен документарна, е и премногу емоционална, таа ќе го допре гледачот до она што носи како меморија и историја, до националниот идентитет. Со монументалните фотографии творецот Искандер бара пораки, покажува психологија, но и секојдневни трепети, радости и болки, нивното минато, но и иднина.

Во реализацијата на проектот учествува и уметникот доц. д-р Венелин Шурелов, коj работи во областа на дигиталните уметности, за да jа надополни со нови медиуми темата и да го популаризира подвигот на ветераните кај младата генерација. Во рамките на отворањето ќе има и посебен филм за ветераните на доц. Шурелов.

Изложбата ќе продолжи од 28 јануари 16 часот до 15 февруари во Воениот клуб, по што ќе биде прикажана дома и во странство.

За фотографот:
Бахгет Искандер е роден во градот Ел-Баразин, Сирија, а од 1967 година живее во градот Кечкемет, Унгарија. Тој е инженер по професија. Карактеристична за него е црно-белата фотографија со социјална тематика, портретите, пустинските предели и мајчинството. Искандер го занимава филозофијата на човекот, чувствителен е кон човековата судбина и е ангажиран од вечните човечки вредности. Неговата фотографија не е само уметност на моментот, туку и уметност на размислување. Увековечаваjки ги радоста, смеата, тагата, солзите, љубопитност, приемчивоста кон убавото, врските меѓу луѓето, тој станува мост меѓу културите.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO