Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко официјално ја објави својата кандидатура за претседател на државата, а анкетите ја определуваат за водечка меѓу кандидатите.

„Се кандидирав за претседател“, рече таа на сесија на нејзината националистичка партија „Татковина”, за да ја поздрави толпата.

„Направив грешки“, рече Тимошенко, која е силна разединувачка фигура во украинската политика.

„Можеби понекогаш грешам, но грешам искрено“, рече таа.

„Денес влегуваме во нова ера – ерата на успех, среќа, просветлување … денес го започнуваме патувањето на Украина кон реално и моќно величие“.

Тимошенко е фаворит за да победи на изборите на 31 март, според неодамнешните истражувања, но ниту еден од кандидатите сè уште нема неоспорно водство.

Според анкетите, 58-годишната Тимошенко е поддржана од 16 отсто од гласачите и води пред сегашниот претседател Петро Порошенко, кој има 13,8 отсто од гласовите.

Трет е Володимир Зеленски, комичар кој некогаш играл претседател на државата во телевизиско шоу. Тој ветува дека ќе го заживее политичкиот систем на Украина.

Тимошенко е водечка фигура на политичката сцена во изминатите две децении и се здоби со меѓународна важност со нејзината улога во Портокаловата револуција во 2004 година.

Тимошенко беше два пати премиер во времето на Виктор Јушченко.

Но, нејзината судбина се промени по загубата на претседателските избори во 2010 година против про-рускиот Виктор Јанукович.

Следната година таа се соочи со голем број кривични истраги и беше осудена на седум години затвор, од кои излежа три.

Таа беше ослободена во 2014 година, откако проевропските протести против корупцијата доведоа до соборување на Јанукович.

Во 2014 година, Тимошенко повторно се кандидираше за претседател, но остана на второ место зад Порошенко, кој работел во владата, предводена од неа.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO