Лазар Младенов, претседател на БККС: Европската Бугарија е шанса за европска Македонија

Извор: билтен „Бугарите на Балканот и светот“, издание. 1 за 2019 година

Костадин Филипов

Лазар Младенов е роден во Струмица, Република Македонија. Таму завршува основно и средно образование, а потоа се запишал на архитектурата во Скопје. Оженет, со две деца, неговата ќерка е дипломиран психолог, а неговиот син е архитект.

Еден од отворено прогласените Бугари во Македонија од почетокот на транзицијата.. Основач на невладината организација „Бугарски културен клуб – Скопје“ и нејзин непроменет претседател од своето основање во 2008 година досега.

– Лазаре, честито ново име на вашата држава – Република Северна Македонија. Што значи ова за вас како Македонски Бугарин, како што отсекогаш сте се определувале, и за вашите соработници во Бугарскиот културен клуб – Скопје?

-Македонската приказна, каква што ја знаеме седумдесетина години, лека-полека завршува. Еден природен циклус ја води Македонија во вистинската насока, во потребната насока за нејзиниот опстанок. Сето она што се градеше на стаклени нозе, со многу силна логистика на надворешната пропаганда, дури и со физичко нејзино присуство и активна улога, ќе се сруши и ќе се отворат нови хоризонти. Точно, тоа е тешко прифатливо за обичниот човек, изложен на стотина години малтретирање и закани, пропаганда и недостаток на можност за личен избор.

Но секогаш имало луѓе кои не се предале пред насилството. Тоа понекогаш се ставало и на сметка на личните загуби, но тие ја задржаа искрата за да го осветлат факелот, за да го осветли патот до новата ера.

Таков е сегашниот момент. Досега беше едно а од сега па натаму ќе е друго време.

Му се допаѓа некому или не- нема значение, тоа е. Македонија го фати новиот пат кон новите хоризонти. Можеше и да е поинаку, не дека не можеше, но поради тоа имаше потреба од внатрешна енергија која не постоела.

Кој веќе не знае, а и самите политичари го потврдуваат тоа, дека од самиот почеток на транзицијата македонската политика беше под силна контрола на службите кои продолжуваа да бидат верни на идеалите на веќе физички мртвото југословенско општество.

Структурите на старите служби, кои во првите моменти од раѓањето на новата независна држава Република Македонија, ја напуштија земјата, се вратија по некое време. Тие продолжија да работат во средина каде што имаше јасен недостаток на самодоверба, наспроти Словенија и Хрватска, на пример.

Времето минуваше, и наместо да застане и да се крепи на солидна основа, Македонија беше изложена на нов бран југоносталгија.

– И јас имам некоја си претстава за тоа, но вие, како личност која живее во Струмица и Македонија, веројатно имате повеќе примери за тоа?

– Се разбира. Прво, медиумите беа заробени, исполнети со музика, филмови, серијали, со сè што ја одржуваше менталната структура на југословенството како параван на српството. Со текот на годините, овој тренд и пракса се зголемија. Понекогаш дури и брутално.

Ако ги слушате, гледате или читате македонските медиуми денес, лесно можете да ја сфатите претставата дека денес во Македонија е „посрпско од српско“.

Но, очигледно, некој ги насочувал своите сили за да го стори тоа. Да забави по тој начин тоа, кое веќе не може да се сопре.

– Добро, но вие во Бугарскиот културен клуб – Скопје и лично ти, предложивте алтернатива на сето тоа, нели?

– Познавајќи ја историјата на она што се случува под нашето македонско небо, мислам дека целта им беше да се забави процесот на демократизација на општеството. Но демократијата не е размислување на еден човек, а и диктатурата не трае вечно, иако води кон последици.

Од тука произлегува и маглата во главите на обичните луѓе во Македонија во потрага по одговорот на прашањето по кој начин да се оди. Да се приклучат на европската цивилизација и економскиот напредок, или да се земе патот кон степите и економскиот регрес.

Политичката пропаганда од север дејствува меѓу голем дел од населението, кое се дефинира како македонско, а веројатно и кај некои од помалите етнички заедници, но не и кај мнозинството од Албанците од Македонија. Оваа клима придонесе за поделбата на општеството на два табора и конечно политиката одлучи – Македонија го презема патот кон Европа, макар и со променето име. Сега веќе и другиот камп, на опозицијата, пропагираат дека го поддржуваат патот кон Брисел, само со ветување дека би го задржале името. Но, веднаш се јавува и се наметнува едно основно прашање, а тоа е – зошто не го направија додека владееја со земјата цела една деценија?

-Што мислиш, сепак имаше ли можност името Република Македонија да се задржи и во исто време таа да оди по патот кон НАТО и ЕУ?

– Знаеш ли, на прашањето дали мислам, дали постоеше можност да се задржи името Република Македонија како име на државата, ќе одговорам – се разбира, да! Но, цената за тоа не се приказните од македонските медиуми. Цената е во падот на табуто наречено „македонска историја“. Па тоа е историја, определена само за една земја и за само дел од населението на таа земја, а имено за Македонија и за „Македонците“.

Но, прашувам – дали името е главниот проблем за повеќе од дваесет години спор со Грција? Се разбира, не! Главниот проблем во целата оваа сага е идентитетот. Имено, заради неа времето се продолжуваше доста долго.Едно, што немаше желба да се сруши табуто околу темата, второ, имаше сили кои не го дозволија тоа. Агентите на креаторите на македонистичката религија ревносно ја чуваа својата рожба.

– Па, во таква ситуација мораше да се најде некој да ги изговори сиве овие вистини. И не само да ги изговори, нели?

– Во целата оваа ситуација бугарскиот елемент во Македонија беше буден и свесен за сето она што се случува. Но пак и затоа беше прогонуван и повеќе пати поднесувал удари за сопствените дела. Откако во текот на годините не беше дозволено Бугарин од Македонија да влезе во политиката и слободно да ги прокламира сопствените гледишта за проблемите, откако не беше дозволено тој да се етаблира во општеството самостојно или преку организации или партии, ни беше јасно дека вештачки градиме македонистичко општество што се плаши од вистината која ја носат декларираните Бугари. Бевме темјан против ѓаволот. Малку, но силни. Чекоревме по нашиот пат со јасна визија – Македонија да биде самостојна, но со бугарскиот елемент во основата како носител на вистината. Знаевме дека само тоа е начин да се заштити државата, а со тоа и името.

„Само историската вистина е силата што може да го зачува името.“

И бидејќи бевме свесни за тоа, Бугарскиот културен клуб – Скопје, од самиот почеток, на 14 октомври 2008 година, го прогласи својот прв документ, а имено „Меморандум за спорот на името меѓу Македонија и Грција“.

Во него во прав текст, со историски докази, ја оспоривме грчката теза дека само тие имаат право само на името „Македонија“. Ние не спориме дека антиката може да е нивно историско и културно наследство, но моравме да ги натераме да признаат дека од средниот век оваа територија е населена главно со бугарското население.

Само на овој начин може да се заштити употребата на името „Македонија“. И кој им дал на Грците право да мислат дека имаат тапија за тоа име? Но, тоа мораше да го проголта целиот фалсификат од 1945 година. Од север, манипулираните историчари немаа никаква желба или задача да го сторат тоа. Напротив, започнаа нова, овок пат инспирирана од внуците на епископот Каравангелис пропаганда, кога од словенството се префрлија во антиката. Да беше жално, ќе беше смешно, на митинзи против Грците, новосоздадените антички Македонци ги носеа истите знамиња, но со различна боја.

Каравангелис мора да се радува во неговиот гроб. Пропагандата од почетокот на 20 век е целосно реализирана. Дел од луѓето се обезличени. Новите Котехристовци, современите предавници, денес не се од Руља, тие се веќе од Северна Македонија. И тие се главните виновници за промена на името, но како да го разберат?

Друг апсурд, па дури и поголем. Тука се и „јужните Срби“ од Поречието кои беа жешки македонисти, но сега, поради промената на името се ориентираат кон српскиот идентитет.Тука се и гркоманите, остатоци од патријаршистките гркомански семејства од минатиот век. Тие се најпрекриени, но многу организирани и целонасочени кога го поддржуваат македонизмот против бугарштината. Во овие околности, нормално е народот да е збунет. Нема масовна радост дека конечно, макар и преку промена на името, го преземаме патот кон Европа, но пак нема и масовни протести по тој повод. На митинзите се собираат од педесет до сто луѓе, а ги предвоци партија која претендира дека има 500 000 гласачи !? Меѓутоа, поголемиот дел од народот јасно ја разобличи рубљоџиската игра на одредени политичари.

– Лазаре, ќе те прашам уште едно прашање, чиј одговор го знам во голема мера. Но, сепак, каде сте вие, Бугарите во Македонија, во целата оваа ситуација на изострена политичка битка во име на иднината на вашата земја?

– Каде се Бугарите во целата ситуација? Тие се тука присутни, „активни“ се по социјалните мрежи, но се силно поделени и непријателски расположени едни против други. „Зошто е тоа така?“ – Постојат неколку причини. Прво, на некои од нив, поради лични или семејни проблеми, од властите им е дадена еден вид „амнестија“. Наспроти тоа, мораат да работат за македонските служби во моменти кои се погодни и посочени од нив.

Други, лесно манипулирирани, се жртви на партиски групички кои во Бугарија се борат за контрола врз Бугарите од Македонија, трети се индивидуалисти, кои сами си развиваат сопствени фикции во главите дека Месии, кои треба да се следат, при тоа без да дадат јасна визија за тоа како да се реализира ребурганизацијата на македонското општество.

Дали таа би паднала сама од небото? Ниту ќе падне, ниту пак воопшто ќе ја има, ако продолжи така. И причината, мислам, е една и единствена. Недостатокот на Национална стратегија јасно дефинирана во заштита и поддршка на Бугарите надвор од границите на современа Бугарија, ги остави Бугарите од Македонија сами на себе. Служиме за декор, кога треба да се каже дека сме романтичната дел од бугарската историја, но кога треба реално да се дејствува, тогаш …!?

Неприфатливо е само еден човек, само една организација или дури само една партија да се грижи за дел од народот твој, кој останал надвор од границите. Тоа мора да биде задача на целата заедница на мајката-држава. И затоа резултатите од новото Возраждане на бугарштината во Македонија се на ниво на кое се.

Историските околности во децениите зад нас сменија некои работи, но Мајка Бугарија е должна да не чувствува како свои деца и да помага на Македонија, макар била таа и Северна. За да преживее како држава, но со јасна визија кои сме и какви сме …. Европа е нашата шанса. Демократијата е наша шанса. Европска Бугарија со јасна и реална, а не само романтична визија за нас македонските Бугари и за Македонија, таа е нашата шанса. Не создавање на интриги и кавги, плукања и манипулации, а единство, кое прави силата е нашата шанса. Европската Бугарија е шанса за европска Македонија. Па, тогаш не е важно дали тааќе биде Северна или Јужна, Средна или Ниска. За нас, Бугарите отсекогаш била, е и ќе биде Македонија!

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO