Иван Николов
Иван Николов

Видовте ли што се случува по плоштадите на Атина и Скопје, пак, и во други градови на двете земји? Ги слушнавте ли ораторите, ги прочитавте ли слоганите, разбравте ли нешто од екзалтираните изјави на возбудените учесници во овие „спонтани“ протести против Договорот од Преспа?

За што протестираат?

И едните, и другите, настојуваат дека им го одземаат минатото. Минатото, кое што нема ништо заедничко ниту со едните, ниту со другите во чисто етнички смисла? А што се однесува до територијата која го носи името „Македонија“, таа уште на Берлинскиот конгрес / 1878 / определена како идна автономија со преовладувачко бугарско население, според статистиките на мнозина западни дипломати и научници како Вајганд. Затоа ли девизата на грчките андарти беше „вулгарис нами мини“, т.е. Бугарин да не остане !? …

Но, да ја оставиме историјата на страна!

Премиерите на двете држави – Алексис Ципрас и Зоран Заев, ја разбраа опасноста од негативите кои се повеќе се натрупуваат, од ова националистичко пијанчење бес престан кое го замаглува сознанието и на 17 јуни 2018 година по потпишувањето на Договорот, си стиснаа раце со заклетвата дека ќе ги доведат нештата до крај . И двајцата добро сознаваа, дека против нив во нивните држави ќе се извие цунами на „патриотски“ гнев кое не признава прегради пред себе. Со децении насадуваните „вистини“ за исконитоста на нивните „богоизбрани“ народи ги принуди и двајцата премиери да прибегнуваат кон залажувачки објаснувања, до потези, кои го отклонуваат вниманието на заштитниците на „вековечниот“ национален идентитет.

Откако Собрание во Скопје ги гласаше промените во Уставот на Р. Македонија и премиерот, и министерот за надворешни работи соопштија дека е зачуван „македонскиот идентитет“ и „македонскиот јазик“, тие тајно требаше да испратат писмо до грчкиот парламент со објаснувања, што точно се крие под овие формулации и дека тие не се ништо друго освен изразување на припадноста на граѓаните кон државата со новото име итн.

Алексис Ципрас исто требаше, со различни методи, да го отклонува вниманието на грците, кои со децении се восприемаат себеси како единствените наследници и на античките Македонци. Уште потешка е неговата битка со опозициската партија Нова демократија и нејзиниот претенциозен шеф Кириакос Мицотакис, кој одлучи дека сега е моментот да седна на надигнувачкото незадоволство, за да дојде на власт …

А колку точно, објективно и праведно ги беше именувал нештата посредникот Метју Нимиц во декември 2005 година! Во 13 точки тој ги формулираше проблемите меѓу двете земји за решавање на спорот за името во Македонија, додека истовремено ги ладеше нивните се поразгорувачки националистички страсти. Во точка 7 тој тврди: „Македонија“ се користи како име на географска област, која опфаќа делови од неколку земји во регионот на Југоисточна Европа … и дека со името Македонија се поврзуваат историјата и културата на неколку од овие држави … “ и точка 9: „… Ниту една држава не може да тврди дека има ексклузивно право на терминот „Македонија“ или „македонски“ на кој и да е јазик во историска, географска и трговска смисла …“

Ете тоа треба да го разберат професионалните распалувачи на прекумерни национални амбиции и во двете земји. На Грците ќе им ги припомниме уште и зборовите на познатиот германски лингвист проф.Кристијан Фос од Хумболтовиот Универзитет во Берлин, кој во интервју за Дојче веле (13. Х 2005) кажа: „…. на денешните грчки политичари не им достигнува храброст да застанат зад микрофонот и да кажат: „Направивме грешка. За нас е важно да имаме добри и стабилни соседи …“

Разпалените  „патриоти“ во Скопје, а особено нивните поттикнувачи – големата група од научници, политичари, новинари и јавни личности кои се во првите редови на сите протести против договорите со Бугарија и Грција – исто така треба да ги ислушаат овие зборови од професорот Фос. Затоа што Договорот од Преспа, според проценките на многумина експерти, најверојатно ќе биде ратификуван и тоа ќе биде само нов почеток и за двете држави.

Почеток на отрезнување, на тежок мамурлак од две неразумни национални пијанства.

––––––––––––––-

Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на списанието „България-Македония“ и директор на издавачката куќа Св. Климент Охридски. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO