Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му одговори на рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека САД се дестабилизирачки фактор на Балканот, а токму Русија е таа која со својата политика му нанесува штети на регионот.

Поголемото присуство на САД на Балканот значи повеќе мир, стабилност и развој, додека руското присуство го има спротивниот ефект, смета Харадинај:  „На изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот, ќе одговорам дека Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој. Активното руско присуство на Балканот го подразбира токму спротивното. Косово доаѓа во мир“, пишува Харадинај на Фејсбук.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO