Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече на конференција посветена на Договорот од Преспа, дека исто како што соседите не се повлекоа, така и Грција нема да се повлече.

Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега Зоран Заев, и рече дека со договорот, Грција се ослободила од логиката на национализмот и квазипатриотизмот за едно толку критично национално прашање: „Истото го постигна и Зоран Заев со неговата Влада, запечатувајќи го целиот обид со храбрата уставна ревизија преку која се обезбедува долгорочноста на овој договор. Дозволете ми да му честитам од овде, бидејќи е прв пат што говорам по позитивното завршување на процесот во Скопје. Дозволете ми да му честитам на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, за куражот, за храброста што ги покажа од почетокот до крајот на овој процес. Да му честитам бидејќи не се повлече пред националистичките протести на омраза кои таму ги организираше ВМРО, партнерот на Нова демократија во Европската народна партија, што инвестираше во насилство и во провокација на политичка аномалија обидувајќи се да го поништи овој историски обид“, рече грчкиот премиер.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO