Опасноста од лавини во Австрија и Германија и натаму е исклучително голема, јавуваат медиумите во овие две земји, потсетувајќи дека досега загинале 26 луѓе. Синоќа околу 21:30 часот по локално време лавина затрупала куќа што се наоѓала покрај шумски пат на подрачјето на австриското место Ворарлберг. Шумскиот пат бил затрупан, а се чини дека куќата не е оштетена. За среќа, никој не бил повреден. Станарите на куќата забележале дека им се приближува лавина и побегнале од неа.

Ноќеска лавина се урнала и врз хотел во германското место Балдершванг, за среќа и таму нема повредени. На едно лице му се слошило, најверојатно од шок. Во хотелот, кој сега е затрупан од едната страна со купишта снег, биле подготвени за можна лавина и уште вчера сите надворешни содржини на хотелот биле затворени, меѓу кои сауната и велнес центарот.

Околу илјада жители и туристи во ова германско место се заробени со денови, откако лавина го затрупа патот кој води кон овој популарен скијачки центар. Лавина висока околу осум метри и широка 20 метри го затвори локалниот пат во Инзел. Марктшеленберг е исто така погоден, лавиа ја оштети локалната гостилница, но и во овој случај за среќа нема човечки жртви.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO