На 12.1.2019, Бугарскиот Културен Клуб Скопје одржа чествување на Мара Бунева со посета на Црквата Св. Димитрија во Скопје и положување букет на плочата на кејот на Вардар.

Ден пред чествувањето се огласи Претседателот на БККС, Лазар Младенов:

„Во овие тешки и од историски аспект многу значајни моменти за опстанокот на Нашата Македонија, ние раководството на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје решивме да не организираме панихида за героината Мара Бунева, меѓу другото и од причина што не сакаме никој во државава, ниту добронамерни, ниту злонамерни, да помислат дека го правиме од аспект на провокација. Се надеваме, дека ќе се надмине оваа ситуација во која е под прашанье парламентарното мнозинство за уставните промени, кое пак е услов Македонија да стане членка на НАТО и од следната година тоа да биде обврска на двете влади, во името на Договорот и во име на успешната работа на Комисијата по историја. Се разбира, остануваме подготвени во секој момент да дадеме личен придонес за зацврстуванье на врските меѓу двете држави и успешен од кон евроатлантските интеграции на Нашата Македонија!“

Бугарскиот Културен Клуб-Скопjе (БККС) во врска со ова чествување на Мара Бунева преку соопштение ја повика јавноста на двете држави за мирно, цивилизирано и етичко одвивање на претстојното чествување.

Во соопшението препратено до медиумите,  БККС ја повикува бугарско-македонската комисија за историски и образовни прашања да изгради единствен став за Мара Бунева за да може нејзиниот подвиг да ги обединува граѓаните на двете држави и никогаш повеќе да не биде повод за раздор, омраза и дребно политикантсво од кого и да било.

 

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO