Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, преку соопштение ги поздравува потезите за имплементација на Договорот од Преспа, по вчерашното усвојување на уставни измени од Парламентот во Скопје. „Овој историски договор меѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив“, се вели во пораката на Нимиц.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO