Пропаднаа разговорите меѓу Беса и премиерот Зоран Заев за поддршка на уставните измени, пишува „Плусинфо“, цитираjки ги учесниците во разговорите. Од Беса велат дека дефинитивно нема да гласаат за уставните амандмани доколку Заев не го прифати нивниот предлог. По ова, незивесно е и дали денес ќе продолжи собраниската седница за уставните измени, која претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 12 часот.

Според некои извори седница ќе има ако премиерот Заев успее да убеди уште еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за да има двотретинско мнозинство за уставните измени. Има варијанта Џафери да ја продолжи седницата оти прво треба да се гласа текстот на уставните амандмани, за кои е потребно 61 глас. По ова седницата да се прекине и повторно да продолжи кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство.

Извори од преговарачите велат дека по фијаското, нема најава за повторна средба на Беса и премиерот, односно дека ќе се чека денес до 12 часот, и како што велат „ако има ќе се гласа, ако не толку е“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO