Оле Гунар Солскjар го преплави со пофалби голгетерот на Тотенхем Хари Кејн два дена пред гостувањето на Манчестер Јунајтед во Лондон за натпревар од 22-тото коло на Премиер лигата. Според привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“ Кејн е „фантастичен“ пред голот и шансите пред него треба да се намалат до минимум, ако неговиот тим сака да има успех на „Вембли“. Самиот репрезентативец на Англија има доста скромен учинок против Јунајтед – 2 гола од 10 натпревари.

„Хари Кејн е неверојатен напаѓач и исклучителен професионалец, но јас исто располагам со неколку такви играчи. Однадвор изгледа дека тој никогаш не пропушта шанси за гол и затоа треба да сме сигурни дека нема да добие многу во недела. Ние нема да имаме толку можности како во претходните неколку натпревари и треба да се увериме дека знаеме што да направиме кога ќе ја земеме топката. Но во сите случаи ќе напаѓаме „, отсече норвежанецот.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO