Албанскиот премиер Еди Рама остро ги критикуваше поддржувачите на претседателот Илир Мета кој не ја потпиша уредбата за именување на Косовецот Гент Цакај за нов министер за Европа и надорешни работи на Албанија. По првичната реакција, во која одлуката на Мета ја оцени како неуставна и срамна и упати извинување до Косово за „овој срам“, Рама повторно преку социјалните мрежи реагираше обвинувајќи го Мета дека „низ нозе зема еден млад човек, најмалку 1000-пати помудар од него“.

Рама ја нападна и поранешна косовска вицепремерка и екс-главен преговарач на Косово со Србија, Едита Тахири, која ја поздрави одлуката на Мета.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO