За време на дискусијата работодавци во Бугарија истакнаа дека интересот на учениците кон професии за кои има глад на пазарот на трудот, треба да биде разбуден во универзитетите и дека бизнисите треба да учествуваат во ажурирањето на наставните програми.

Секоја IT компанија кај нас доживува дефицит на кадри и затоа ние сами си ги едуцираме „, рече Наталија Футекова од Здружението за информатичка технологија. Глад за специјалисти во овој сектор, според неа, може да биде надминат кога бизнисот влезе да предава во средните училишта: „Единствената шанса таков човек од бизнисот да влезе да предава, е да биде поканет како предавач некаде во рамките на еден-два часа. За два часа јас не можам да објаснам на ниту еден човек што претставува една RP-систем“.

Главната работа е потценета – можноста бизнисот да организира практични обуки за идните кадри, рече Тончо Томов од Стопанската комора, коj  предупредува: „Ова се уште го прават многу малку компании, а тоа е клучен момент“.

Во Бугарија, специјалисти се бараат главно во техничката област. Се развиваат политики за привлекување млади луѓе од историската дијаспора.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO