Договорот од Преспа не носи придобивки само за Северна Македонија која може да стане членка на НАТО и ЕУ, туку е во корист и на Грција и на цела Европа, рече германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и истакна дека не постои никаква поврзаност меѓу решението на спорот со името со економските реформи во Грција како што тврдеше Кирјакос Мицотакис, соопшти МИА.

На средбата во премиерската палата во Атина, грчкиот премиер и германската канцеларка, меѓу другото разговараа и за Договорот од Преспа, но и за европската перспектива на земјите од регионот. Меркел на прес конференцијата по средбата со Ципрас го користеше името Северна Македонија. Грчкиот премиер од своја страна рече дека Договорот од Преспа може во иднина да биде модел за решавање на спорови.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO