Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија Љубчо Георгиевски упати совети кон поранешната партија како да биде заштитен македонскиот идентитет.

Во интервју за ТВ „24“ Георгиевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ во овој момент треба да стане државотворна партија.

„Тука јавно ќе дадам совети кои не сум ги испраќал тајно на никого во ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме уцена од тие двајца пратеници од Беса, за да ја избришеме придавката „македонски“ (во однос на државјанство -бел. ред.). Замислете си, дека Заев е во таква ситуација, дека треба да се предаде и тоа да се избрише, само за да биде прифатен договорот со Грција? И што сега? ВМРО-ДПМНЕ и другите патриотски партии ќе бидат задоволни со ова? Јас не би бил среќен. Во овој момент оваа ситуација ќе биде добар мост за да се каже: Еве, вие покажавте дека сте неспособни да организирате 80 пратеници, свесно ви даваме двајца, само Македонија да не прави нови отстапки во Договорот со Грција „, советува Љубчо Георгиевски во интервју со ТВ „24“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO