Поранешната министерка и една од најблиските соработнички на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска вечерва го нападна на социјалните мрежи, откако тој објави статус во кој го критикува Договорот од Преспа и ги повикува пратениците да се премислат.

-Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото, напиша Јанкулоска.


 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO