На четиристраната сребда на високо рамниште што се одржа во Белград кон крајот на 2018 година присуствуваа премиерите на Бугарија, Грција и Романија и претседателот на Србија. Сепак, македонскиот премиер не учествуваше на неа. Ова не е прва средба во таков формат, а немањето на претставник на властите во Скопје беше многу голема грешка на бугарската дипломатија. Ова го изјави Николај Василев, поранешен советник на потпретседателот Тодор Кавалдежиев и главен уредник на електронското издание „Приоритети“, во предавањето „Светот е бизнис“ на Bloomberg TV Bulgaria со новинарот Николај Крстев.

„Независноста на Македонија отсекогаш билo кауза за Бугарија. Политиката што ја водиме во обид да го негираме современиот македонски идентитет и современиот македонски јазик всушност им помага на оние кои сакаат да ја оспорат независноста на земјата и се противат на разбирањето помеѓу Софија и Скопје.

Според Василев, сé уште има многу работа за подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија.

„Треба да бидеме свесни за тоа што се случило во Македонија во изминатите 100 години. Македонците беа присилно одвоени од бугарскиот народ и во тоа нема повод за спор. Попаднати во нова средина, тие изградија нов национален идентитет. Нема како ситуацијата на луѓето од едната и другата страна на границата да остане иста и разлики во нивните видувања да не се појават „.

Бугарија треба да се докаже како сојузник точно меѓу просечните Македонци, рече гостинот.

„Треба да има многу поголема културна соработка меѓу Бугарија и Македонија, да има поголем размена на мислења и ставови. Кога зборуваме за историски и други прашања, тие треба да се случуваат на едни пошироки форуми, на кои луѓе со различно мислење да можат да го изразат. Меѓутоа, пред сè, треба да изградиме политика на взаемна доверба. Бугарија не може да учествува на форуми каде што Македонија не е присутна „.

Целото интервjу со Николаj Василев може да го погледнете тука.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO