Македонија минатата година забележа економски раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне 2,9 проценти, објави Светска банка во јануарскиот Глобален економски извештај. За 2020 година Светска банка предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2 отсто, а во 2021 од 3,3 проценти. Владата, пак, за годинава очекува економски раст од 3,2 проценти.

Проекциите на банката за Македонија се коригирани во нагорна линија за 0,2 процентни поени. Економскиот раст во изминатата година по изборот на новата Влада придонесе за ставање крај на политичката криза и подобрување на инвестициската клима во земјата.

Во регионот на Југоисточна Европа највисок раст годинава и во 2020 година ќе забележи Косово од 4,5 отсто. Србија годинава ќе има раст од 3,5, а следната од 4 отсто, Албанија од 3,6 и 3,2, Босна и Херцеговина од 3,4 и 3,9 отсто, Бугарија од 3,1 и 3 отсто, Хрватска од 2,8 отсто и во 2019 и во 2020 година, а Црна Гора од 2,8 и 2,5 отсто.

Глобалната економија годинава да забележи раст од 2,9 отсто, а во 2020 од 2,8 проценти.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO