Африканската фудбалска конфедерација го определи египетскиот напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах за најдобар играч на својот континент за 2018 година. Салах ја доби наградата за втора година по ред.

Како и пред 12 месеци, во финалниот список Салах беше во друштво на сенегалскиот соиграч Садио Мане и габонецот Пјер Емерик Обамејанг. Победникот во анкетата се определува со гласовите на тренерите на африканските репрезентации, претставници на фудбалските федерации и печатот.

Салах му помогна на тимот да стигне до финалето на Лигата на шампионите, а во оваа кампања има 13 гола во првенството и седум асистенции.

Африканската фудбалска конфедерација го објави и симболичниот тим на 2018 година, а во него освен Салах, Мане и Обамејанг влегуваат и други играчи од Премиер лигата – Серж Орие (Тотенхем), Ерик Баи (Манчестер Јунајтед), Наби Кеита (Ливерпул) и Ријад Марез ( Манчестер Сити).

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO