Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска допатува во ненајавена посета на Багдад. За време на посетата, тој се сретна со ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али ал-Хаким, со претседателот на парламентот и со други ирачки претставници.

Помпео допатува во Багдад од Аман, каде што вчера ја започна регионалната турнеја. Тој дојде во Ирак две недели по ненајавената посета на претседателот Доналд Трамп на американските војници. Посетата на Трамп на Ирак наиде на критики зашто не се сретнал со ирачките претставници.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO