Кина ќе се соочи со незапирлив пад на бројот на населението во текот на следните децении, како и со сè помал број работници што би го поддржале општеството што старее, се вели во извештај на Кинеската академија за општествени науки. Тој доаѓа три години откако Кина ја укина својата долгогодишна политика на едно дете, предупредува дека ерата на негативен раст на населението е речиси овде и предвидува дека бројот на населението ќе го достигне својот врв од 1,44 милијарда во 2029 година. До 2065 година оваа бројка се очекува да опадне до 1,172 милијарда.

Бројот на работоспособни жители стагнира, а населението продолжува да старее. Експертите предупредуваат и дека со стареењето на населението во Кина се намалува и домашната потрошувачка, што може да има несакани последици врз глобалната економија, според извештајот. Препорачува се Кина да се подготви и да почне да создава политики со кои ќе може да се соочи со падот на населението.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO