Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, добиl 22% зголемување на платata во 2018 година. Така тој добил 15,7 милиони долари, покажува неговата декларацијата пред Комисијата за хартии од вредност на САД.

Бројката се состои од 3 милиони долари годишно основна плата, 12 милиони долари бонус и 680 000 долари наречени „друг вид компензација“, во која влегуваат приватни патувања и трошоци за обезбедување.

Компанијата објави дека силната продажба во текот на годината го оправдува платениот бонус. Нето продажбите биле 265.6 милијарди долари со оперативен приход за компанијата 70.9 милијарди долари, што е за 16% зголемување во однос на претходната година, се вели во соопштението на Apple.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO